2.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Коневски: Вонреден конгрес треба да има, Мијалков нема амбиции за лидер на ВМРО-ДПМНЕ

Вонреден партиски конгрес е извесно дека ќе се случи, а идниот месец ќе се знае и точниот датум, категорични се дел од членовите на ВМРО-ДПМНЕ кои се дел од Иницијативниот одбор за свикување конгрес.

Во интервју за „360 степени“ поранешниот градоначалник на Општина Аеродром, Ивица Коневски, вели дека актуелниот лидер Христијан Мицкоски не ги реализирал трите нешта поради кои делегатите го избрале во 2017 година – да ја обедини партијата, да ги подобри коалициските капацитети и да ги обнови односите со меѓународната заедница и дека и на трите полиња состојбата е полоша од било кога.

Христијан Мицкоски одбива да се соочи до делегатите кои го избраа на нов вонреден конгрес, бидејќи ќе го чека редовниот конгрес следната година за да може да избере свои делегати, рече поранешниот градоначалник на Аеродром Ивица Коневски во интервјуто.

Целото интервју можете да го погледнете на порталот на “360 степени“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести