11.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Бектеши ја започна прес конференцијата на албански јазик, А ИМ ПОРАЧА И НА НОВИНАРИТЕ ДА НАУЧАТ

Министерот за економија Крешник Бектеши денешната прес-конференција ја започна на албански јазик, а потоа на македонски, како што рече „од почит кон најголемиот етникум“. Прашан зошто обраќањето го започна по обратен редослед, а не како до сега тој на новинарите им порача да учат албански.

Јазикот е за да се доближат луѓето, важно е да се разбираме и секој дополнителен јазик е додадена вредност, а тоа секако би било добро и за вас како новинар, имајќи предвид дека има и многу функционери и многу ваши колеги кои го зборуваат тој јазик. Бидејќи ова е вторпат што ми го поставувате истото прашање, тоа било и во првите недели откако се усвои Законот за јазиците, рече министерот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести