Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Струмичкиот МРТОВЕЦ УКРАДЕН, ама КРЕВЕТОТ ВРАТЕН!

Креветот на кој лежел починат пациент и кој го украле роднини од инфективната амбулната во Струмица, е вратен во болницата, потврди Наќе Гогов, директор на болницата каде што утринава се случувала вистинска драма.

Утрово околу 9 часот пациент бил хоспитализиран во инфективната амбуланта со зголемена температура, висок крвен притисок и малаксаност. Тој за 15 минути починал. Веднаш потоа, неговите најблиски, со 20 други луѓе, влегле во инфективната амбуланта и сосе кревет го извадиле надвор, каде што ги чекало комбе и го транспортирале дома.

– Телото на починатиот е дома, кај нив, не се почитувани протоколите кои се пропишани во вакви ситуации. Не можеме да го земеме и да го вратиме назад. Случајот е пријавен во полиција, рече Гогов.

На починатиот пациент не стигнале да му направат тест за ковид-19. Струмица е ново жариште на коронавирусот, во моментов има активни 108 случаи на ковид-19.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...