Поддршката што Кралството Шведска ѝ ја дава на нашата земја во процесите на интеграција кон ЕУ, како и можностите за идна соработка во областа на безбедноста беа во фокусот на средбата помеѓу министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија Оливер Спасовски и амбасадорката на Кралството Шведска, Н.Е. Кристин Форсгрин Бенгтсон, што се одржа денеска во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија.

Соговорниците ги потврдија заедничките приоритети како што се борбата против организираниот криминал, владеењето на правото и борбата против корупцијата, со подготвеност за заедничка соработка на овие полиња во иднина.