Здруженија за заштита на животни во Шпанија бараат домови за 110 мачки откако тие беа иселени од станот заедно со нивниот сопственик. Случајот се случил во регионот на Валенсија.
Вработените во прифатилиштето за животни „Спама Сафор“ во градот Гандија, првично мислеле дека има 96 мачки, но подоцна им било кажано дека се вкупно 110.
Тие сега бараат помош во нивната, барем привремена, грижа. Мачките останаа без сместување откако нивниот сопственик бил протеран од станот.
Се верува дека сопственикот прво вдомил неколку мачки пред три години, и оттогаш тие постојано се размножуваат.