Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Д-р Пановски: Ризикот од КОВИД-19 во училиштата, ЌЕ БИДЕ ПОГОЛЕМ КОГА ЌЕ СЕ ЗАГАДИ ВОЗДУХОТ

Додека Комисијата за заразни болести тактизира за тоа дали воопшто да се предложи децата да седат целодневно во училиште додека родителите да завршат со работа, нелогичноста останува: ако децата учат со скратено време, и тоа само тие до 3-то одделение, заради опасноста од зараза – зошто би се оставале да седат целодневно во училиница?

Тешко е да се очекува дека децата цел ден ќе носат и маски. Се зависи од временските прилики, кога ќе се загади воздухот, кога ќе бидат затворени прозорите навистина опасноста е се поголема и поголема, вели микробиологот Никола Пановски за Алфа.

Побезбедно ќе беше групите со ученици да се намалат на по 10 деца, додава тој, но нагласува и дека надлежните задоцниле со стартот на учебната година, која според него требала да почне уште во август кога временските услови дозволуваа децата да учат и на отворен простор.

Требаше тоа да биде подготвено уште во март месец па дури и онлајн да беше, зошто се одлага? Не мора на оваа платформа да е, знаете на тоа до сега што си учеа децата да продолжат, нешто ќе научеа. да не зборам што можеше надвор да држат настава со отворени прозори, значи никаква опасност… Мене ми е криво што децата сега се многу повеќе во контакт отколку што ќе беа ако беа во училиште, вели тој.

најчитани вести

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација дека е запалено возило во близина на Олимпико во Скопје. На терен е присутна полицијата која го преусмерува...

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ побара влада на широка коалиција, нo досега јавно не соопшти како според него може да се надмине проблемот со Бугарија. Партиските...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...