Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ДЕНЕС Е РАЃАЊЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА: Еве што не треба да се работи

Православните верници денес слават еден од најголемите христијански празници – раѓањето на Пресвета Богородица, празник кој уште се нарекува Мала Богородица.

На Мала Богородица се слави спомен на денот кога во Назарет во домот на Јоаким и Ана е родена Света Дева Марија. Овој ден е вбројан во 36 големи верски празници во црковниот календар и е обележан со црвена буква.

Постои верување дека на Мала Богородица не треба да се работат работи кои се прават со раце. Не е добро да се започнуват никакви работи, треба да се одложат за некои од наредните денови. Есенските свадби од дамнина започнувале од Мала Богородица. Во земејоделството, Мала Богородица го означувала времето кога се почнувало со орање, и берба на посевите. Исто така во тоа време, предвидени се разни сточарски свечености.

Се верува дека билки собрани меѓу Голема и Мала Богородица имаат посебни лековити својства, а јајцата снесени во тој период можат цела година да останат свежи со што се оставале за испилување.

Многу семејства Мала Богородица ја слават како своја домашна слава.

најчитани вести

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Забава

Интернет просторот е преплавен со разно-разни огласи, наградни игри, онлајн продажби… Се продава се, ама баш се – од игла до локомотива. Што, секако, не...

Свет

Ова е шокантниот момент кога вработен во болница се тепа со пациент кого го собори на подот во чекалната и го клоца после жестока...