6.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

Македонски државјанин заврши со лициси среде Косово поради нелегално преминување на границата

Косовската полиција објави денеска дека уапсила државјанин на Република Северна Македонија поради сомневање дека влегол на косовска територија преминувајќи ја нелегално меѓудржавната граница, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението на полицијата, осомничниот маж, кој е од албанска националност, е уапсен во селото Дебалде во општина Витина, во југоисточно Косово.

Со одлука на надлежен обвинител, на осомничениот му е конфискуван пасошот и истиот е ослободен во редовна постапка. 

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести