5.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Се ближи ли „нова“ цивилна војна во Америка – МИЛИТАНТИТЕ РИВАЛИ ЗАСТРАШУВАЧКИ СТОЈАТ ЕДНИ СПРОТИ ДРУГИ (ФОТО)

Во еден дел од градот, маршира конвој од околу 250 афро-американци мажи и жени кои се од глава до пети во воена униформа и со оружје.

На две милји далеку во знак на демонстрација на сила се наоѓаат и „патриотите“ кои се поддржувачи на Трамп, исто така вооружени до заби.
Минатата недела градот Луисвил во Кентаки, требаше да го прослави денот на фамозниот коњ „Кентаки Дерби“.
Но, наместо прослава имаше панцири и маски во форма на черепи кои ги заменуваа традиционалните разнобојни капи.

Афро-американските милитанти скандираа … „Нема правда! Нема Дерби!“ додека бараат правда за Брона Тејлор, 26-годишната девојка која пред шест месеци беше убиена од полицијата во нејзиниот дом среде ноќ, но за овој случај сè уште никој не е обвинет.

Во конфронтацијата меѓу двете страни полицијата речиси не се појави никаде, додека милитантите од двете групи стоеја околу 45 минути лице во лице надвикувајќи се меѓусебно со мегафони.

Ова беше една од сцените што најдобро ја сумираат годинашната трка за Белата куќа, што за некои коментатори може да прерасне во граѓанска војна, ако некоја од страните не го добие тоа што го сака.

Политиката на САД со години се поларизирана, но редовните конфронтации меѓу демонстрантите и вооружените контра-демонстранти феномен кој нормално дека го уклучува алармот. (DailyMail.co.uk)

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести