После жетва на ориз во овој дел на централен Тајланд, јато од 10.000 патки се пуштаат од фармите и инстиктивно одат кон полињата како би се најале со штеточини како што се полжавите кои се кријат во нив. Ваквиот начин на одгледување патки во подрачја каде што се сади ориз е долга традиција. Тајланците ова го викаат “полси јуриш на патки“.

После слободното движење низ полињата кое трае околу пет месеци, се враќаат на фарма каде што во следните неолку години ќе несат јајца.
“Ќарот од ваквото одгледување на патки е во тоа што се намалени трошоците за исхрана на патки“, рекол Апиват Чалермклин (34), одгледувач, кој работата ја наследил од својот татко.
“Истовремено, одгледувачите на ориз немаат трошоци за хемикалии и пестициди, но природата сама си ја завршува работата“, додал.
Но тоа не е крај од користа на патките. Натопените оризови полиња стануваат добро утабанети од ова стапедо, со што полесно се ораат, но и наѓубрени за време на гозбата на патките. Многуте штеточини како што се инсекти и полжави патките со сласт ги потамануваат за една недела на површина од околу 676 хектари.
Овој едноставен и природен начин кои ги соединува инересите на одгледувачите на живина со одгледување на ориз, а во ова подрачје е традиција, може да служи како одличен пример за фармерите кои сакаат да се свртат кон природен и здрав начин на произвотство.