20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Правда или политика? Во ист ден осудени Груевски, Јанкуловска и Поповски, а ослободен Мицкоски

Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информираше јавноста дека на 17 септември 2020 година, одлучи по предметот познат во јавноста под името “ТЕНК” за набавка на мерцедесот , кои се оформени по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, поднесени од осудените Никола Груевски, Ѓоко Поповски и Гордана Јанкулоска.

Со донесените пресуди Врховниот суд на Република Северна Македонија ги одби поднесените барања на осудените, поднесени лично од нивна страна и преку нивните бранители и ги потврди пресудите на Апелациониот суд Скопје. Со тоа Никола Груевски е осуден на 2 години затвор, Јанкуловска на 4 години, додека Поповски веќе ја одлежува 4 годишната казна затвор.

Во ист ден, интересно е дека стигна одлука од обвинителството дека нема докази за поведување кривична постапка за предметот познат како “Теретана” во кој Христијан Мицкоски беше осомничен дека ги прекршил протоколите со тоа што вежбал во теретана за време на забраната поради Корона кризата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести