Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Државата вети но, ТЕШКО ОДИ СО ВРАЌАЊЕ НА ДЕПОЗИТИТЕ ОД ЕУРОСТАНДАРД БАНКА

За десетина дена ќе се знае колкава сума им е исплатена на штедачите на Еуростандард банка за старт. Таков е договорот меѓу банките и Фондот за осигурување депозити, но, судејќи според редиците во вторникот, граѓаните гледаат што побрзо да си ги подигнат заштедите. Половината од штедните влогови во банката се депозити од 600 до 1.000 денари. Во банката имало повеќе од 136 илјади штедачи, а просекот на влоговите се движи околу 500 евра, иако има и повисоки суми.

Првиот ден од обесштетувањето главно помина без поголеми проблеми, иако добар дел од оние што чекаа, негираа дека се дојдени за исплата. Оние похрабрите велат дека „чекаат за ситни пари, ама и тие не сакаат да ги остават на сметките“.

Освен техничките проблеми со имињата, дел од граѓаните реагираа дека не успеале да ги подигнат парите од плата, пензија, социјална помош. Од Фондот за осигурување депозити, објаснија дека такви случаи се можни ако врз сметката имало претходна блокада од извршител.

Во таква ситуација, извршителот треба да ја тргне блокадата. Проблеми имало и со полномоштвата. Имено, првично договореното дека треба да важи полномошното од Еуростандард банка, сега не важи. Па, така, штедачите што нема лично да се појават на шалтерите на банките исплатувачи, ќе мора да вадат нови овластувања, бидејќи немало законска основа.

Граѓаните се револтирани и сметаат дека сето ова се прави намерно за да им се оневозможи пристап до заробените средства.

Има големи проблеми во обесштетувањето на штедачите на Еуростандард банка, кои имаат овластено лице, а за кои ФОД гарантираше дека нема да има проблеми и дека тие лица ќе може да функционираат и без дополнителни полномоштва. Сега, банките не ги обесштетуваат штедачите што имале овластени лица (а во потврдите кои ги поседуваат е наведено дури и овластеното лице), даваат сопствено полномошно на банката, а тоа предизвикува еден куп компликации, особено кај штедачите кои престојуваат во странство!

Ги тераат овластените лица да го праќаат банкарското полномошно во странство. Дали лицето носител кое е во странство, со тоа полномошно треба да оди во амбасада и таму да го потпише?! Тоа се огромни компликации и дополнителен финансиски товар на штедачите.

Во наредните 36 месеци, треба да се обештетат повеќе од 136.000 лица – штедачи со сметки под 30 илјади евра, како и оние кои имале заробени пари на сметките од плати, пензии, социјална помош. И 780-те штедачи со влогови над 30.000 евра ќе ја добијат загарантирана сума, а остатокот, преку стечајната постапка. Обесштетувањето ќе се одвива преку Комерцијална, Стопанска Скопје, НЛБ Банка и Халкбанка.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...