2.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ЈАПОНИЈА ЈА ИМА ТАЈНАТА ЗА ДОЛГ ЖИВОТ – Над 80.000 луѓе имаат над 100 години

Бројот на жителите кои имаат над 100 години, во Јапонија надмина 80.000 луѓе. Ова, според официјални податоци на јапонското Министерство на здравје, труд и благосостојба.

Поточно, во Јапонија во мигов живеат 80.450 лица повозрасни од 100 години – 9.176 луѓе повеќе од лани. Забележително е што 88 отсто – или вкупно 70.975 од нив се жени.

Највозрасната Јапонка има 117 години и живее во префектурата Фукуока. Највозрасниот маж пак, има 110 години и живее во префектурата Нара.

Во земјата лани, оваа бројка првпат надмина 70.000 лица. Стручни претпоставки говорат дека до 2053 година вкупното население на Јапонија, коешто сега изнесува околу 127 милиони луѓе, ќе се редуцира до 100 милиони, а до 2065. – до 88 милиони. Околу 38 насто од нив ќе бидат на возраст од над 60 години.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести