23.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

СЗО: Во октомври и ноември ЌЕ ИМА ПОГОЛЕМА СМРТНОСТ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Регионалната канцеларија на Светската здравствена организација за Европа во понеделникот соопшти дека дневните смртни случаи од коронавирус во Европа ќе се искачуваат во октомври и ноември, предвидувајќи „тешка“ есен.

Ќе биде тешко. Во октомври и ноември ќе видиме поголема смртност, рече директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге, бидејќи на континентот во моментов се забележува наплив на случаи, иако бројот на смртни случаи остана релативно стабилен.

Бројот на дневни инфекции со Ковид-19 продолжува да расте низ целиот континент, а Франција, Шпанија, Велика Британија и Австрија се меѓу најпогодените земји.

Денеска и утре 55-те земји-членки на СЗО во Европа одржуваат состанок преку интернет за да разговараат за нивниот одговор на новиот корона вирус и да се договорат за новата петгодишна стратегија.

Претходно, СЗО соопшти дека бележи најголемо еднодневно зголемување на случаи со коронавирус бидејќи 307.930 се пријавени ширум светот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести