Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Притвор за дилери на дрога

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против четири лица, жители на гостиварски села на возраст од 32, 24, 19 и 20 години, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители го сториле кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Четворицата осомничени заеднички се договориле да набават дрога, мерејќи ја на дигитaлна вага да ја распоредат  и да ја продаваат низ Гостивар.  На 9.9.2020 при полициска акција  пронајдена е дрогата во вкупна нето маса од  25,00 грама, заедно со дробилки за мелење на дрогата и дигиталната вага. Дрогата марихуана била распоредена во повеќе пакувања и скриена кај осомничените и во вулканизерска работилница на еден од осомничените  во с. Здуње.

Поради околности кои укажуваат на постоење опасност од бегство на осомничените, опасност дека ќе го повторат кривичното дело и дека ќе влијаат на сведoци, јавниот обвинител до Основниот суд Гостивар достави предлог за определување на мерката притвор за осомничените. Судот со Решение на четворицата осомничени им определи притвор во траење од по 30 дена.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Предмалку изби пожар во Зегин на Партизанска во Центар, две возила на пожарна се обидуваат да го стават под контрола.