8.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

ЉУПЧО РИСТОВСКИ: ЖРТВА СУМ на „Ашовиот експеримент”, „Понтиј Пилат” и „Понтонски мост”

Политичката партија Интегра ја демантира најавата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека раководни структури од Интегра преминуваат во нивните редови.

„Никакви раководни структури не преминуваат во ДПМНЕ, тоа е болна желба во умовите на удбашките структури кај нив. По изборите е спроведена идеолошка диференцијација во тимовите, минатиот месец со едногласна одлука на Претседателството разрешен е Воислав Зафировски од сите раководни позиции во партијата поради преминат праг на морална грешка, а во меѓусебен договор двајца носители на листа си поднесоа оставка. Сите други им беше оставено време и демократска можност да одлучат дали ќе продолжат на патот на самостоен настап на ИНТЕГРА во периодот пред нас или ќе се повлечат од понатамошни активности во партијата. ИНТЕГРА беше под специјална војна на одметнати удбашки структури за време на изборите, а која не застана и потоа. Беа спроведени три операции ‘Понтиј Пилат’, ‘Понтонски мост’ и Ашовиот експеримент, а со цел да се стави под контрола лидерот Љупчо Ристовски и партијата да премине и продолжи приклонета, да одработува за ‘туѓи бели дворови’“, велат од партијата.

Како што додаваат, ВМРО-ДПМНЕ во својата немоќ да се поврати од пропаста, прибегнува кон подли методи на клиентелистички поткуп, уцени и закани кон лидерството на ИНТЕГРА, свесни дека како партија и идеологија го губат тлото под нозете и дека ИНТЕГРА го презема приматот во опозицијата врз македонските национални интереси.

„Лидерството на ИНТЕГРА е монолитно, единствено, сплотено и поревносно од било кога во намерите да го задржи независниот стратегиски правец на политичката сцена и да ја продожи борбата против црно-белата погубна политичка карта во Македонија“, наведуваат од партијата.

Претходно денеска ВМРО-ДПМНЕ преку допис до медиумите најави дека раководни структури на Интегра ќе преминат во нивните редови, а во 12:30 часот лидерот на партијата, Христијан Мицкоски даде изјава за медиумите во која го потврди преоѓањето на дел од раководството и членови на Интегра во ВМРО-ДПМНЕ.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести