21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Жолтите елеци се враќаат на улиците на Париз

Во главниот град на Франција и во други провинциски градови денеска се очекуваат маршови на неколку илјади демонстранти од движењето на „жолтите елеци“.  Особено ќе се следи собирот планиран на Елисејските полиња, што е забранет од властите, јави дописникот на МИА.

Префектурата на полицијата на Париз од синоќа од 18 часот го забрани собирот на движењето „жолти елеци“ во повеќе сектори на главниот град.

Пред собирот, министерот за внатрешни работи Жералд Дарманиан, кој сака да го намали бројот на насилство и повредени, најави серија мерки за одржување на јавниот ред. Две главни прашања беа разгледани. Најпрво користењето на ЛБД (лансерите на гумени топки) кои не миожат да се користат без супервизор. Исто така се најавени шок гранати кои се помалку опасни.

За денеска е предвидено 3000 припадници на безбедносните сили да го одржуваат мирот во Париз на  демонстрациите на жолтите елеци, но и на противниците на користењето на маски против Ковид-19.

Последните собири на жолтите елеци во Париз поминаа без поголеми нереди.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести