Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Бркал мува, па СИ ЈА ЗАПАЛИЛ КУЌАТА

Французин си разнесол дел од својата куќа додека се обидувал да фати мува. Господинот кој е на возраст од 80 години подготвувал вечера кога го слушнал досадното зуење на мувата, па решил да се пресмета со неа.

Зел електричен рекет и започнал да мавта со него во надеж дека ќе ја убие мувата, но во неговиот дом во француското село Парк-Шенан, инсталациите за гас не биле направени добро, што резултирало со постојано истекување на гас. Реакцијата на тој гас и електричниот рекет предизвикала експлозија, уништувајќи ја кујната, а покривот на куќата е делумно оштетен.

Локалните медиуми јавуваат дека неименуваниот човек успеал да ја напушти куќата на време и се здобил само со полесни изгореници на раката.

Судбината на мувата што предизвикала сè тоа да се случи е непозната, а сопственикот на куќата сега е во локалниот камп додека неговото семејство помага во санирањето на куќата.

најчитани вести

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација дека е запалено возило во близина на Олимпико во Скопје. На терен е присутна полицијата која го преусмерува...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ побара влада на широка коалиција, нo досега јавно не соопшти како според него може да се надмине проблемот со Бугарија. Партиските...