На 08.09.2020 во 18.30 часот и во 22.00 часот, полициски службеници на
Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Ф.Р.(48)
од с.Речане, гостиварско и А.С.(27) од с.Долна Бањица,гостиварско поради
постоење основано сомнение дека во текот на 2020 година извршиле
повеќе кражби и тешки кражби во чегранско-равенскиот регион, најмногу
во куќи. Против осомничените ќе следуваат соодветни поднесоци.
