6.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

НАЈГОЛЕМ ТРАНСПОРТЕН ПРЕДИЗВИК ВО ИСТОРИЈАТА: За достава на вакцини против корона мисија, ќе бидат потребни 8.000 авиони

Доставување вакцини против корона вирус ширум светот ќе претставува најголем транспортен предизвик во историјата, тврдат претставници од авиоиндустријата, пренесува ББЦ.

За да се достават вакцините во сите земји, ќе бидат потребни 8.000 Боинг 747, соопштено е од Меѓународната асоцијација авиотранспортери (ИАТА).

Иако вакцината сеуште не е произведена, одземајќи ја руската, ИАТА уште сега заедно со авио компаниите, аеродромите и националните здравствени организации прават план за нејзин транспорт.

Планот за дистрибуција предвидува една доза за еден човек, пишува ББЦ.

Иако транспорт на стока е нов фокус за девастирани авиоиндустрии, достава на вакцини ќе биде многу комплексна задача.

Авионите првенствено мора да ги почитуваат стандардите како што е можноста за одржување на температура помеѓу 2 и 8 степени, а поедини вакцини бараат температура и под нула.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести