11 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

НАСИЛСТВО НА СЕКОЈ ЧЕКОР: Четири јавни тепачки низ Скопје за еден ден

На 09.09.2020 во 19.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред казино во Градски трговски центар на ул.„Кеј 13-ти Ноември“ во Скопје, поради претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Ѓ.(41) од Скопје и Д.М.(27) од с.Инџиково, скопско, од една страна и Р.С.(40) од с.Сарај,скопско, и уште неколку лица од друга страна. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.09.2020 во 11.00 часот во СВР Скопје, С.М.(64) од Скопје пријавил дека околу 09.45 часот во барака на општина Кисела Вода бил физички нападнат од Д.К.(52) од Скопје, вработена како обезбедување. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 09.09.2020 во 17.30 часот во СВР Скопје, Љ.С.(57) од Скопје пријавил дека околу 17.00 часот во угостителски објект на ул.„Маџари“ бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.09.2020 во 11.20 часот во СВР Скопје, Т.Д.(61) од Скопје пријавил дека околу 07.15 часот на ул.„Александар Урдаревски“ во Скопје бил удрен со тврд предмет од С.И. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести