Ким Кардашијан на своите профили на социјалните мрежи објави дека по 14 години емитување на нивното реално шоу „Во чекор со Кардашијанс“ му дојде крајот.
Ким им се заблагодари на обожавателите и на продукцијата за долгогодишната поддршка и истакна дека реалното шоу го сменило нејзиниот живот засекогаш, но дека таа заедно со членовите на нејзиното семејство одлучила да прекине со понатамошното снимање.