21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

ДРИТАН ОТВОРЕНО ЗА КЛАНОВИТЕ, ДАЛИ ПРОБАЛ БЕЛО И КАКОВ Е СО ЖЕНИТЕ: За ова интревју најмногу се зборува во ЦГ

Лидерот на коалицијата “Црно на бело“, Дритан Абазовиќ, во интервју кој го дал за време на кампања за избори во Црна Гора, одговарал на интересни прашања.

Меѓу другото, водителот во еден момент го прашал дали некогаш пробал “бело“ (кокаин), а Абразовиќ се насмеал.

“Никогаш, ако под тоа не се подразбира некои други млечни производи, бело вино, бело чоколадо“, рекол Абазовиќ.

Исто так, се потсетил за една ситуација за време на гостување на телевизија. Имено, водителката на негов партиски колега рекла дека поставиле платформа “Црна Гора на бело“, а неговиот соборец одговорил дека тие претставиле политичка платформа “Црна Гора да не биде препознатлива по бело, туку зелено и сино, планини и море“.

“Ние се бориме таквата работа да исчезне од секојдневието. Тоа е лоша слика, жал ми е што наш најголем бренд се два клана “шкаљраци“ и “ковчани“, рекол Дритан Абазовиќ зборувајќи за криминалот и порачал дека Црна Гора може да понуди многу поубаво и подобро.

Водителот потоа поставил прашање од “милион евра“ – колку е успешен кај женската популација, а Дритан одговорил дека не сака со тоа да се фали.

“Ако би се свело на парична мерка тоа треба да го сведеме на прашање од едно евро, а не милион. Не сакам да се фалам, но оној кој ме познава, тој го знае одговорот“, рекол Абазовиќ.

На прашањето каде излегува, Дритан за себе вели дека сака дружење. “Моментално никаде, во суштина секаде, јас сум човек кој баш сака дружење“, заклучил тој.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести