23.8 C
Skopje
вторник, септември 5, 2023

Џорџ Буш постариот добива статуа во Будимпешта по повод 30 ГОДИНИ ОД ПАДОТ НА КОМУНИЗМОТ

Унгарската влада ќе ја открие статуата на Џорџ Херберт Вокер Буш, 41-от претседател на САД, по повод 30-годишнината од падот на комунистичкото владеење во централна и источна Европа.

Според заедничката изјава на шефот на канцеларијата на премиерот Гергели Гулјаш и американскиот амбасадор во Унгарија Дејвид Корнштајн во неделата, статуата ќе биде откриена на плоштадот Сабадсаг, во близина на американската амбасада, на 23 октомври.

Во изјавата се изразува благодарност до државникот кој помогнал во обликувањето на иднината на Европа и Унгарија, додавајќи дека Буш се залагал за демократијата и се спротивставил на комунистичката диктатура.

Статуата на Буш постариот, првиот американски претседател што ја посетил Будимпешта додека беше на функција, ќе стои покрај постојната статуа на претседателот Роналд Реган, симболизирајќи ја, според зборовите на Реган, заедничката борба на овие двајца лидери за елиминирање на „злобната империја“.

За време на неговата долга кариера и како претседател и потпретседател, Буш постариот се стекна со признание како човек кој имал удел во ставањето крај на Студената војна и помагање на демократиите во централна и источна Европа, се вели во соопштението.

Статуата се открива 30 години по падот на Железната завеса, повторното обединување на Германија и Европа, кога слободата и демократијата „триумфираа“ во централна и источна Европа и кога унгарскиот народ ја заврши темната ера на комунизмот и започна патот на слободата.

Во соопштението се додава дека врските меѓу САД и Унгарија оттогаш цветаат, забележувајќи го нивниот сојуз во рамките на НАТО, но и како трговски партнери. Претседателот Буш придонесе за обновување на односите меѓу двете земји, се вели во соопштението.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img