Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Спасовски: Полицијата заштитник и партнер на граѓаните

Полицијата заштитник и партнер на граѓаните, на сите граѓани без разлика на нивната етничка и партиска припадност, пол, род, сексуална ориентација,социјално потекло, образование, на јазик, религија, имотен или општествен статус, политичко уверување, нагласи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прва негова прес-конференција откако се врати на оваа фуункција. Уште најави и дека продолжуваат со имплементација на стратегиите што ги подготвиле во изминатиот период и кои треба да придонесат за поефикасна работа на македонската полиција.

– Се разбира, добрите резултати на полицијата доаѓаат со работа на мотивирани полициски службеници на кои постојано им ги подобрувавме и ќе им ги подобруваме условите за работа и стандардот, а тоа треба да го направиме уште поинтензивно во наредниот период, рече Спасовски.

Тој информира дека се продолжува и со реновирање и реконструкција на полициски објекти, но и со изградба на нови објекти и набавка на нови униформи. Во напредна фаза, истакна Спасовски, е и изградба на зградата на крим техника со современа форензичка лабораторија, со што ќе се влијае и на брзината на постапките. Граѓаните, рече, со право очекуваат современи методи на постапување на полицијата, адекватни на оние во современите земји.

МВР во соработка со МО и МИА ќе ги продолжи реформите и во областа на сајбер безбедноста, а во соработка со другите институции и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата.

– Доаѓа време на ред, правда, ред и дисциплина. Законите се донесени и сега е време за нивно брзо и доследно спроведување. Владата ќе биде партнер на сите чинители во законодавната, извршната и судската власт, како и граѓанското општество, медиумите и групите од интерес кои сакаат да придонесат кон градење на системот на правда, што ќе им служи на граѓаните и на државата, рече министерот Спасовски.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...