Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

НЕМА ПОВЕЌЕ КИНЕЊЕ КАЗНИ: Еве како МВР ќе ги лови неправилностите во сообраќајот

Со ригорозно ограничување на брзините во населените места и со камери на опремата на самите полицајци, Министерството за внатрешни работи ќе ги лови неправилностите во сообраќајот и истовремено ќе го минимизира влијанито на човечкиот фактор во избегнувањето да не се казнува или да не се плати казната која ќе биде директно врзана со регистрацијата на возилото, најави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на денешната прес-конференција.

Целта на овој проект е да се исфрли човечкиот фактор при кинењето на казните на сторителите на прекршоци во сообраќајот, да нема селекција за тоа кој ќе си ја плати казната за сообраќаен прекршок, а кој не, и да се воспостави дисциплина на возачите и безбеден сообраќај за сите граѓани. За почеток овој проект ќе почне да функционира во Скопје и во Тетово, најави министерот Спасовски.

Во првите шест месеци од годинава полицијата казнила 10.666 лица поради сообраќајни прекршоци, што е помала во однос на истиот период лани, а се должи и на полицискиот час што беше воведен.

Граничните премини, пак, додаде министерот, ќе се модернизираат со инсталирање дигитални читачи на регистарските таблички, а ќе се финализира концептот на маалски полицаец.

најчитани вести

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација дека е запалено возило во близина на Олимпико во Скопје. На терен е присутна полицијата која го преусмерува...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ побара влада на широка коалиција, нo досега јавно не соопшти како според него може да се надмине проблемот со Бугарија. Партиските...