Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Еве колку тежат петте НАЈБОГАТИ семејства во светот во 2020 година

Пандемијата Ковид 19 не ги спречи најбогатите семејства во светот да го зголемуваат своето богатство. Во текот на изминатата година, најбогатото семејство, Волтонс го зголеми своето богатство за 25 милијарди долари или скоро 3 милиони долари на час.

Согласно податоци на „Блумберг“, Ви ги претставуваме топ пет најбогатите семејства во светот. Податоците ги исклучуваат лицата кои се прва генерација по стекнато богатство, како и она кое е  контролирано од еден наследник, поради што на листата не се  Џеф Безос или Бил Гејтс.

Исто така, се исклучени семејства чиј извор на богатство е премногу дифузен или нетранспарентен.

Семејството Волтон е сопственик на најпознатиот американски малопродажен ланец “Волмарт“, чија вредност се проценува на 215 милијарди долари. Меѓу членовите на семејството најбогати се браќата Џим и Роб, чии богатства се проценуваат над 48,8 милијарди долари, а во чекор ги следи сестрата Елис со 48 милијарди долари.

Семејството Марс од САД го држи водечкото прво место меѓу најбогатите семејства во светот. Тие се сопственици на компанијата „Марс“, а нивното богатство се проценува на 120 милијарди долари.

Компанијата постои веќе 107 години. Меѓу брендовите што ги поседува се „Сникерс“, „Марс“, Милки Веј“, Твикс“, „М&M“..Членовите на семејството секогаш строго ја чувале својата приватност. Во последно време некои од шесте членови на семејството се појавуваат на исклучителни јавни настани, а на еден таков е направена фотографија од бабата Жаклин Марс со нејзините внуки.

Семејство Кох. Богатството на браќата Чарлс и Дејвид Кох се проценува на 109 милијарди американски долари. Секој од нив има акции во Кох индустрис и втората најголема приватна компанија во САД.

За време на изборите во 2012 година, браќата Кох собраа повеќе од 400 милиони долари, за партијата на Републиканците. Ова партнерство забележа значително влијание во политиката, но браќата се познати по тоа што секогаш се во позадина, и така сакаат да остане.

Семејството Ал Сауд. Огромното богатство на саудиското кралско семејство доаѓа најмногу од приходите од саудиската нафтена индустрија.

Крунскиот принц Мохамед бин Салман има средства во вредност од повеќе од 1 милијарда американски долари, а за нив е познато дека трошат значително многу милиони на куќи и јахти. Нивното богатство се проценува на 95 милијарди американски долари.

Семејство Амбани. Богатството на семејството Амбани доаѓа од Reliance Industries, конгломерат во Индија кој е во сопственост на најголемиот светски комплекс за рафинирање на нафта во светот. Тој е сопственик на бизнисите низ цела Индија, вклучувајќи компании во малопродажниот и телекомуникацискиот сектор. Мукеш Амбани е извршен директор, живее во куќиште од 27 ката со димензии 400.000 квадратни метри во Мумбаи и е меѓу најбогатите луѓе во Азија.  Богатството на ова семејство се проценува на 81,3 милијарди долари

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Предмалку изби пожар во Зегин на Партизанска во Центар, две возила на пожарна се обидуваат да го стават под контрола.