5.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

КУЧИЊАТА ГО СПАСИЛЕ ДА НЕ ГО ИЗЕДЕ: Мeчкa пoвpeдилa oвчap нa Шaрa

Жител на шарпланинското село Лисец во тетовската полиција пријавил дека бил нападнат од мечка вчера во утринските часови, а се спасил од смрт благодарение на реакцијата на неколкуте кучиња што му го чуваат стадото овци.

Г.Ј (52 ) од Лисец, според полицијата, околу 10 часот во месноста Рах, каде што го напасувал своето стадо овци бил нападнат и повреден од мечка.

Кога забележал дека има мечка што се упатила кон него, почнал да бега.

Мечката го стигнала и го соборила. Натрчале кучињата, почнале да лаат, па мечката избегала. Во болница му констатирале полесни повреди и бил пуштен на домашно лекување.

Пред дваесетина жители на Тетово успеаја да фотографираат мечка (на фотосот) во планинскиот предел во правец кон месноста Бањиче, покрај патот Бродец-Шипковица.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести