6.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

ДИМОВСКИ: Не се произнесоа за договорот на Србија и Косово, а имаа мислење за Венецуела и Северна Кореја

Ниту една македонска државна институција не се произнесе (да поздрави, поддржи, коментира,…) за потпишаните документи во Вашингтон за прашањето на односите помеѓу Косово и Србија, вели Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој потсети дека нашата држава се произнесе за Венецуела, Северна Кореја, демократијата во Полска, но не и за прашања поврзани со Србија и Косово (две држави наши соседи со кои имаме најразвиена економска соработка и размена).

– Долг е списокот на институции и државни функционери кои треба, можат, или често го правеле тоа, да кажат став и да коментираат ваков чин од висок државен интерес и за Македонија, а сега не го сторија тоа:

– Претседател на РМ;

– Претседател на Собрание на РМ;

– Влада на РМ;

– Претседател на Влада на РМ;

– Министер или Министерство за надворешни работи;

– други министри кои раководат со политички ресори (одбрана, европски,…), но во конкретен случај и економски ресори (транспорт, економија,…), потецнира Димовски.

Тој истакна дека се забележува и дека ниту една поголема и сериозна политичка партија, формално и суштински, не го искоментира овој важен момент од високо значење за регионалната состојба и стабилност на Балканот и во најблиското наше опкружување.

– Што е значајно да се каже за нашата државна позиција:

1. Ова прашање не треба да го гледаме низ призма на сентимент за било која од двете страни, туку исклучиво и единствено низ призма на интересот на Република Македонија и интересот на сите нејзини граѓани;

2. Наш интерес во регионот да има трајна стабилност и предвидливост;

3. Интерес на Република Македонија е да нема решавање на спорови со било каква промена на граници;

4. Наш интерес е да нема воени конфликти на било која од нашите граници заради опасност огнот да се прошири кон нас;

5. Интерес на Република Македонија е да се инвестира во инфраструктура, транспорт, трговија и економија било каде во нашето соседство, затоа што така и ние стануваме конкурентни.

Од тука навистина не ми е јасно зошто ниту една државна институција, функционер и политичка партија не одмери дека е потребно да каже и прокоментира:

Го поздравуваме одговорниот однос и приодот на Република Србија и Република Косово кон меѓусебните односи, а за нас е битно да нема воени и територијални решенија за проблемите на Балканот, ја поддржуваме економска соработка и инфраструктурни инвестиции. Толку. Толку требаше, пишува Илија Димовски на Фејсбук

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести