16.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Децата во богатите земји се дебели, не знаат математика и страдаат од ментални нарушувања

Премногу деца во најбогатите земји во светот немаат основно познавање на математика и читање и страдаат од ментални нарушувања и дебелина, објави УНИЦЕФ.

Во извештајот на агенцијата се рангирани 41 членка на Европската Унија и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) според здравјето, вештините и среќата на децата.

Данска, Холандија и Норвешка се на врвот, а Бугарија, Чиле и САД се на дното на списокот со земји со високи примања.

Во повеќето анализирани земји, околу 20 отсто од децата немаат чувство на задоволство, покажува извештајот.

Најлоша е Турција со само 53 отсто од децата задоволни од својот живот, а зад неа се Јапонија и Велика Британија.

Литванија бележи најголем број самоубиства кај адолесцентите, додека Нов Зеланд и Естонија се на второто и третото место.

Во однос на физичкото здравје, секое трето дете е дебело или со прекумерна тежина, а овие стапки нагло се зголемуваат во Јужна Европа. Околу 40 отсто од децата на возраст под 15 години во богатите земји немаат основни вештини за математика и читање, повеќето во Бугарија, Романија и во Чиле, соопшти агенцијата.

Извештајот се заснова на податоци од пред пандемијата на коронавирусот, а УНИЦЕФ предупредува дека здравствената криза е дополнителна закана за благосостојбата на децата.

– Многу од најбогатите земји во светот, кои имаат ресурси да обезбедат среќно детство за секого, ги изневерија своите деца – рече директорката на УНИЦЕФ, Гунила Олсон.

– Доколку владите не преземат итни и одлучни мерки за заштита на благосостојбата на децата како дел од одговорот на пандемијата, можеме да очекуваме зголемување на сиромаштијата, посиромашно физичко и ментално здравје и понатамошно влошување на вештините на децата – рече таа.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести