Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Коронакризата става клуч на текстилните фабрики: ЗАТВОРЕНИ НЕКОЛКУ КОНФЕКЦИИ ВО ШТИП И СКОПЈЕ

Коронакризата почна да става клуч на текстилните фабрики во државата, па така веќе се затворени неколку конфекции во Штип и Скопје.

Маријана Перковска од Кластерот за текстил забележува дека ова што сега се случува го најавувале и уште пред три години, бидејќи текстилниот сектор е специфен, а бара и специфична поддршка од државата.

  • Не знам дали некоја мерка може да го сопре негативниот тренд во тектилството, но за подобрување на состојбата потребни се брзи мерки. Грантови за модернизирање на производството, подршка за отворање на интернет продажба, олеснување на царинските постапки при извоз во странство и субвенција на плати на вработените, вели Перковска.

Кирил Нашков, претставник на штипските текстилни компании вели дека моментов е многу тешко во овој сектор, сите бараат решенија , но прогнозира дека намалувањето на работниците ќе биде од 20, а некаде и до 50 %.

Ако има нови мерки кои ќе помогнат на фирмите, односно ако има помош од државата, можно е голем број од работните места да се задржат. Нема многу простор текстилната индустрија да се прилагоди на пандемијата, на почетокот работевме медицински артикли кои се бараа, но тоа сега веќе го нема и не гледам друг начин на кој би се адаптирале на таа состојба, потенцира Нашков.

Во текстилниот сектор работат 30.000 работници. Оваа гранка има и социјална компонента, бидејќи вработува ниско квалификувана и женска работна сила, со нивното отпуштање се заканува и зголемување на бројот на социјални случаи во државата.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...