Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Влегов во секта, останав без детето…

Дина Бланко (24) беше на состанок во сектата „The New Light of God / Новата светлина Божја“, каде минатиот понеделник во религиозниот ритуал во Панама беа убиени нејзината ќерка, една бремена жена и пет нејзини деца.

Библии, но и оружје, како што се мачети, користеле секташите кои ги принудувале членовите да се соблечат и да шетаат по жар. Преживеале 14 учесници, а поголемиот дел од времето не биле во можност да се одбранат, врзани, па дури и во несвест, вели Бланко и тврди дека правата вистина може да се открие само на суд.

Како што рече Бланко од болницата, таа одела на состаноци во импровизирана црква во дрвена барака, но, овој пат, не било предвидено да си замине. Култот, кој работеше во селото околу три месеци, се смени кога еден од членовите, наводно, добил некаков вид на визија, што се однесувала на истребување на неверници. Бланко вели дека соседка ја поканила на состанок на 13 јануари и дека ѝ рекла дека треба да дојде, сакала или не.

И таа отишла, заедно со нејзината деветгодишна епилептична ќерка, петнаесетгодишниот син и нејзиниот татко. Нејзиниот татко и син успеале да избегаат, а Бланко и нејзината ќерка немале таква среќа.

Кога пристигнале, им било речено да не ги отвораат очите, да се држат едни со други за раце и да се молат, да почувствуваат дека се во физичко присуство на Бога.

Почувствував како нешто ме удри по главата, не знаев што ми се случи, а потоа паднав на колена – вели таа.
Замавнувале кон нив – со библии, мачети, стапави … Бланко има голема модринка на челото од тој удар.

Постојано ми велеа да не ги отворам очите … Слушнав тапани, хармоника, врисоци. Ме врзаа.
Некои биле принудени да се соблечат, па оделе по жар.

Но, најлошото допрва следувало. Во текот на ноќта или раните утрински часови, еден член на сектата и рекол дека нејзината ќерка е мртва.

Птиците сега ќе располагаат со нејзиното тело, рекол тој.
Нејзината ќерка Инес била убиена заедно со нејзината бремена сосетка, како и нејзините пет деца. Некои тела беа обезглавени и фрлени во свежо ископана масовна гробница.

Девет од десетте проповедници приведени минатата недела се обвинети за убиство и киднапирање.

Музички инструменти, библии и крв – се останало на самото место по масакрот.

Сето тоа се случило во џунглата, во област каде што живеат домородни луѓе на карипскиот брег на Панама, и претежно било отсечено од надворешниот свет.

Таа сè уште се опоравува од повредите, но најмногу ја боли убиството на нејзината ќерка. Таа вели дека поминала многу време со неа бидејќи било дете со посебни потреби, а лековите што ѝ ги купувале чинеле три долари. За сиромашните жители, земјоделците, три долари се многу пари..

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...