14.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Ако земете песок како сувенир во Сардинија ЌЕ ПЛАТИТЕ КАЗНА ОД 1.000 ЕВРА

Турист е казнет со 1.000 евра заради обид како сувенир да земе песок од плажа од Сардинија.

Француски турист бил запрен на аеродромот „Елмас“ на Сардинија на пат кон дома од летниот одмор откако во неговиот багаж пронашле 2 килограми песок во пластични шишиња, поради што му напишале казна од 1.000 евра за обид за извоз на песок од островот.

– Ваквото однесување и штети на природната средина и одржливоста на крајбрежјето, а со тоа и на туризмот во Сардинија – посочуваат властите во заедничката изјава.

Во август минатата година, двојка што летуваше на Сардинија беше осудена на шест години затвор за шверц на 14 пластични шишиња песок тешки 40 килограми.

Тогаш нивната приказна беше дека не знаат дека станува збор за кривично дело и дека сакаат да понесат песок како сувенир.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести