Српскиот епидемиолог и член на Кризниот штаб Предраг Кон предупредува дека сите луѓе кои се враќаат од одмор од странство, доколку забележат мачнина веднаш да се јават кај матичен лекар и доколку е потребно да се тестираат.
Д-р Кон смета дека населението е доволно предупредено и додава дека очекува луѓето да се грижат за себе и за останатите и да не дозволат ширење на коронавирусот.
– Ова е сериозна болест, но во повеќето случаи поминува без тешкотии. Полнењето на болниците покажува дека пред нас во изобилство ја има болеста каде што е потребно и понатаму, без оглед на стабилизацијата, да бидеме внимателни – рече д-р Кон.

Кога станува збор за вакцината, тој вели дека во Србија има многу јасна законска регулатива за тоа прашање.
– Овој пат, вакцината нема да дојде и да моли да биде регистрирана, ќе мора да се ангажираме повеќе за тоа – рече д-р Кон.
Тој посочува дека е важно сега да се каже дека потребно е навремено да се подготвиме за сезонскиот грип.
– Веќе е време за вакцинација против сезонски грип, бидејќи кога ќе дојде, тоа ќе биде посебна тема – рече д-р Кон.