Грција ќе ја зајакне својата војска со нови програми за вооружување, ќе го зголеми бројот на војската и ќе го унапреди развојот на одбранбената индустрија, изјави владиниот портпарол Стелиос Пецас.
Грција во моментов, заедно со Кипар, е во голем спор со Турција околу правото да бара енергија во источниот Медитеран.
Грција и Турција испратија поморски и авијациски сили во регионот, пренесува Танјуг.
Турското раководство се заканува со војна скоро секој ден и издава провокативни изјави против Грција, рече Пецас.
Тој додаде дека Грција одговори со политичка, дипломатска и оперативна подготвеност и е решена да стори сé што е потребно за да ги заштити своите суверени права.
Ние сме во контакт со пријателски земји за да ја зајакнеме опремата на нашите вооружени сили, рече Петсас.