21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Што се крие позади точката за Газивода и ЗОШТО ПРЕДИЗВИКА ШОК ВО КОСОВО

Потпишаниот договор во Вашингтон конечно ќе воведе ред во користењето на езерото Газивода, а оваа точка од договорот во Белата куќа предизвика голем шок на политичката сцена во Приштина.

Делот за енергија и природни ресурси најмногу ги налути партиските кругови на Албанците во Косово и Метохија, бидејќи во тамошната јавност се толкува како лишување од економски суверенитет државата. Односно, Белград конечно има право да добие енерија од хидроцентралата што ја изгради.

Двете страни ветија дека ќе работат со Министерството за енергетика на САД за развој на физибилити студија, се со цел заеднички да се користи водата од резервоарот.

Како што објаснуваат енергетските експерти за „Новости“, со изготвување на физибилити студија, ќе се знае точно кои се капацитетите, колкаво е производството и што е најважно, распределбата на парите меѓу Белград и Приштина, сето тоа врз основа на водните капацитети.

Што го менува договорот

Киловатите произведени во Газивода одат на електричната мрежа на Приштина, но тие се претежно користени од северниот дел на покраината. Езерото Газивода е најважно за водоснабдување, но и за ладење на термоелектраната во Обилиќ. Електричната енергија произведена од Газивода досега не беше дистрибуирана до централна Србија, но овој договор ќе го промени тоа.

– Деталите допрва треба да бидат договорени, но студијата ќе утврди сè што тоа обезбедува, од водоснабдување, електрична енергија, трошоците  и приходите, бидејќи секој треба да добие нешто. Тоа е неговото единствено значење.

Електричната енергија произведена во Газивода ќе може да ја користи и централна Србија, бидејќи таа ќе циркулира транспарентно низ мрежата, како што тоа го прави Вишеград. Точно ќе се знае каде отидат киловатите и колку чинат.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести