7.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

ПАТНИК ЗАРАЗИЛ ПОЛОВИНА АВТОБУС во Кина

Едно лице за време на патување со автобус во Кина заразило скоро 25 други патници, иако не биле сите близу до него, покажа истражување кое нуди најнови докази дека коронавирусот се шири преку аеросоли, ситни честички во воздухот.

Здравствените власти на почетокот на пандемијата ја отфрлија можноста коронавирусот да се шири и со обично дишење, но со откривањето на новите докази, тие го менуваат мислењето.

Една статија објавена неделава во списанието JAMA Internal Medicine ја опишува заразата меѓу патниците кои 50 минути патувале со автобус на будистички настан во Нингбо во јануари годинава, пред маските да станат рутинско средство за борба против коронавирусот.

Научниците веруваат дека патникот, чиј пол не е објавен, најверојатно бил нула пациент затоа што бил во близок контакт со луѓе во Вухан, изворот на инфекцијата од крајот на минатата година.

Експертите успеале да мапираат каде седеле другите патници и да ги тестираат на вирусот. Се покажало дека 23 од 68 патници биле заразени во истиот автобус.

Важно е да се каже дека заразените патници седеле и во предниот и во задниот дел на автобусот, т.е. далеку надвор од кругот од два метри, растојание кое се смета за граница за ширење на вирусот преку капки.

Покрај тоа, за време на патувањето нула пациент не покажал симптоми на болеста, како што е кашлица.

Научниците забележале дека уредот за ладење во автобусот циркулирал ист воздух, што веројатно придонело за ширење на вирусот.

– Истражувањето укажува на тоа дека САРС-КоВ-2 е многу заразен патоген во затворени простории со воздушна рециркулација, истакнаа научниците.

Нивната студија, која вклучува дијаграм за тоа каде седел секој заразен патник, е нов доказ за ширење на вирусот со аеросоли, како истражување за „патувањето“ на вирусот помеѓу ресторанските маси во јужниот кинески град Гуангжу.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести