Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

ЧЛЕНОВИ НА ПАРТИЈАТА, ЗАСУКАЈТЕ ГИ РАКАВИТЕ: Ким Јонг Ун не е во кома, повторно е на работа (ФОТО)

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун го посети крајбрежниот регион на неговата земја, кој пред неколку дена го погоди тајфунот Мајсак и нареди околу 12.000 членови на владејачката Севернокорејска работничка партија да се приклучат на напорите за обнова на погодените области.

Според снимките на севернокорејската државна телевизија, Ким може да се види како шета низ областа погодена од тајфунот, односно како претседава со состанок на севернокорејските власти, јавува Ројтерс.

На состанокот, Ким беше детално информиран за организациските и другите аспекти на работата за реконструкција, а тој го замени и претседателот на комитетот на владејачката партија во провинцијата Јужен Хамјонг.

Foto: Reuters

Foto: Reuters

Според Ројтерс, Севернокорејската работничка партија побарала казнување на службениците чие непочитување на издадените наредби би предизвикало смрт на десетици луѓе за време на бурата.

Според извештајот на севернокорејската државна новинска агенција, тајфунот уништи повеќе од илјада куќи во крајбрежните делови на провинциите Јужен и Северен Хамјонг и поплави земјоделско земјиште и некои јавни згради.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...