Позицијата на Демократскиот фронт е јасна и колку што можеме да влијаеме, ќе го поништиме признавањето на Косово – рече Небојша Медојевиќ.
Сега имаме поширока коалиција и не можам да кажам во име на сите. Но, што се однесува до ДФ и ПзП, иако сум претставник на прозападна политичка организација, јас апсолутно сум за повлекување на одлуката за признавање, тоа беше најголемата срамота на Црна Гора – рече лидерот на Движењето за промени, член на коалицијата „За иднината на Црна Гора“ Небојша Медојевиќ.
Медојевиќ смета дека прашањето за Косово треба да биде приоритет и дека албанското прашање треба да се отвори во Црна Гора.
Лидерот на ПзП рече дека одлуката на Владата на Црна Гора да го признае Косово е против виталните интереси на државата, затоа што Црна Гора треба да има сојузнички односи со Србија – кога на Србија и е тешко да помогне.
Ова се две различни земји, но историјата и вистинскиот интерес ни кажуваат дека имаме сојузнички однос со Србија. Ако јас требаше да ја водам таа влада, мојата прва работа ќе биде да се договорам со владата на Србија за меѓудржавни договори, ќе цртав граници, компаниите од Србија ќе имаа ист третман како компаниите во Црна Гора. Јас би овозможил двојно државјанство… Црна Гора не смее да преземе никаков потег спротивен на интересите на Србија – јасно изјави Медојевиќ.