Фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ едвај дочека да почне да настапува, а бидејќи во Србија речиси и да не може да пее, таа замина дури за Швајцарија.
Цеца е многу активна на својот Инстаграм профил, па овој пат радоста ја сподели со своите следбеници и обожаватели дека е подготвена за концертот во Луцерн.
Таа прва објави селфи од авионот, а потоа и видео и покажа кој ќе и прави друштво како во авионот така и на настапот во Швајцарија.
– Полетуваме, напиша Цеца.
Откако се стави во преден план, Цеца го заврти кадарот и кон нејзиниот колега, а тоа беше нејзиниот пријател, пејачот Аца Лукас.
Цеца и Аца двајцата со маски ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, а тоа го прави и авиокомпанијата, чиј авион е речиси празен.
https://www.instagram.com/p/CEw3UO-B1k_/