Голем број луѓе во Црна Гора кои го носат истото презиме како претседателот на Движењето на Самоопределување, Албин Курти, го сменија презимето во Куртовиќ.
Албин Курти, кој по потекло е од Црна Гора, од градот Сукобина, со години тврди дека е еден од главните носители на националните прашања.
Во текстот се наведува дека токму тој прогласил национално единство и се обидел да биде присутен меѓу Албанците во Србија, Македонија и Црна Гора.
Неговите роднини со исто презиме како воопшто да не земаат предвид што пропагира нивниот роднина на Косово, па многумина од нив сега почнаа да ги менуваат презимињата во Куртовиќ. Поточно, 224 лица го сменија презимето во Куртовиќ, а 114 од нив останаа со презимето Курти на избирачкиот список.