На 5ти септември 1992 година Бранко Црвенковски стана премиер на 29 години, а Европа го доби најмладиот премиер.
Како премиер и политичар, Бранко Црвенковски ја промовирал идејата за учество на партиите на Албанците во Владата на Република Македонија. Тој успеал да формира широка коалиција со Либералната партија, Социјалистичката партија и Партијата за демократски просперитет, во која членувале само Албанци.
