20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Шилегов: НЕ МОЖЕМЕ ДА НАЈДЕМЕ СОВРШЕНО РЕШЕНИЕ ЗА УЧЕБНАТА ГОДИНА

Градоначалникот на Град Скопје,  Петре Шилегов на денешната прес конференција говореше за почетокот на учебната година, кој е предвиден за следниот месец.

Шилегов изјави дека, работат со луѓето од МОН за обезбедување на технички услови за непречена онлајн настава во ворнедни услови.

– Не можеме да најдеме совршено решение за отпочнување учебната година и исполнување на обврските од страна на општините. Треба да се најде доволно добро, како би се гарантирало здравјето на децата. Правото на здравје и образование се паралелни за едно дете. Продолжуваме со разговорите, работиме на обезбдување на технички услови за непречена онлајн настава. Со можностите со кои располагаме материјални и технички, да овозможиме оптимален старт на учебната година, рече Шилегов.

Тој изјави дека ова е комплексно прашање затоа што сите општини немаат еднакви услови за почеток на учебната година.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести