Косовскиот претседател Хашим Тачи го поздрави потпишувањето на спогодбата меѓу Белград и Приштина. Тачи изразил благодарност до американскиот претседател Трамп и неговиот претставник за дијалогот Ричард Гренел, за целиот процес.
Истакнал и дека во Приштина сега ќе продолжат да работат на економскиот развој, работните места и понатамошната домашна и меѓународна консолидација.
