8.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

ИМА ТРИ ДЕЦА, А ИЗГЛЕДА СОВРШЕНО – Бијонсе денес наполни 39 години (ФОТО)

Американска пејачка, текстописец и продуцент Бијонсе денес го слави својот 39-ти роденден. Познатата пејачка со ангелски глас е родена на 4 септември 1981 година, а од самиот почеток на нејзината кариера ги сруши сите музички рекорди.

Денес таа има стотици музички награди на своите полици и е една од најбогатите и највлијателните дами на естрадата. Бијонсе пораснала во Хјустон, а кога имала осум години со нејзината пријателка од детството Кели Роланд, се појавила на аудиција за женска музичка група, за подоцна да биде формирана и да го носи името “Destiny’s Child“

https://www.instagram.com/p/CDjYNSGlo0g/?utm_source=ig_embed

Првите големи музички успеси ги постигна кон крајот на 90-тите како главен вокал на групата, која подоцна стана една од најуспешните женски групи на сите времиња. Со таа група, Бијонсе има продадено повеќе од 50 милиони копии на албуми ширум светот, додека како соло изведувач досега има продадено повеќе од 75 милиони албуми.

„Survivor“, „Jumpin Jumpin“, „Say My Name“, „Bill Bills Bills Bills“ и „Independent Women“ се само дел од насловите на хитовите на женската група, со кои девојките ја освоија публиката ширум светот. Нивниот менаџер беше татко на Бијонсе, но поради лошото раководство на групата, тие престанаа да соработуваат со него.

https://www.instagram.com/p/B7xE48vnHL0/?utm_source=ig_embed

Бијонсе подоцна ја напушти групата и стана една од најдобрите и најпознати соло изведувачи. Таа е во брак со Џеј Зи од 4 април 2008 година. Според списанието Форбс, пејачката Бијонсе и нејзиниот сопруг Џеј Зи се најплатената двојка во светот

https://www.instagram.com/p/B7x0td5nRtl/?utm_source=ig_embed

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести