7.8 C
Skopje
среда, март 27, 2024

Здружението на сопственици на деловни простории бараат од Заев да се сруши дивоградбата во ТЦ „Бисер“

Здружението на сопственици на деловни простории во трговскиот центар „Бисер“, од скопската населба Аеродром, со писмо до премиерот Зоран Заев бара да се сруши бесправно изграден објект во склоп на трговскиот центар.

Во самиот трговски центар егзистира дива градба – пекарница, за која сопственикот не поседува дозвола за урбана опрема од Град Скопје, нема ниту градежна дозвола од Општина Аеродром, нема ниту сопственост на платформата на ТЦ ‘Бисер’ на која го поставил својот објект, но сепак како финансиски моќник непречен од никого изгради, постави и монтира, на сред трговскиот центар, најголем деловен простор. Во овој деловен простор смести машини за пекарница, донесе струја и целокупна опрема за производство и продажба на пекарски производи. Оваа пекарница, на очиглед на сите жители на Аеродром, е ништо повеќе од демонстрација на моќ и сила и на беззаконие, пишува во писмото на Здружението адресирано до премиерот.

Сопствениците на деловни простории велат дека веќе се обратиле до сите релевантни и надлежни органи.

Овие институции ни одговараат дека тие не се надлежни, туку другиот орган, кој исто така потоа се прогласува за ненадлежен и така тоа оди веќе трета година… Исклучок е Град Скопје, кој не му издава дозвола ниту за вршење на дејност ниту за поставување урбана опрема, но сепак тој непречено изгради и постави објект и непречено произведува и продава храна, стои во писмото.

Здружените сопственици на 250 приватни локали во писмото го ословуваат премиерот како „последниот браник на правдата“. Поттик да му се обратат лично на премиерот велат дека добиле и од рушењето на дивоградбата пред трговскиот центар „Мавровка“, чие отстранување го најави токму Заев.

Ако навистина се борите за чесна и правна држава, ако сте принципиелни и ако навистина сакате да ставите крај на вакви демонстрации на сила, во што Ви веруваме, Ве молиме да го испитате целиот случај и да преземете мерки како што тоа го направивте со дивоградбата пред ‘Мавровка’. Почитуван премиер, ние веруваме во Вас, нашата верба ја искажавме и на последните избори и како чесни граѓани и претприемачи Ве повикуваме да се уверите дека оваа дивоградба на пекарница ‘Силбо’ е повеќе нелегална и побесправна од онаа во ТЦ ‘Мавровка, се вели во писмото.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести