8.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Апелација делумно ја прифати жалбата на Зоран Милески – Кичеец

Апелацискиот суд Скопје делумно ги уважи жалбите на осуденито во случајот „Рекет“, Зоран Милески – Кичеец, на начин што ја потврди првостепената пресуда, по однос на вината и изречената кривична санкција.

Затоа, пак, во делот на одлуката за одземање на предмети ја укина пресудата и во овој дел предметот го врати на првостепениот суд на повторно постапување и одлучување.

Апелацискиот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ- 8/20, во јавноста познат како „Рекет“, по одржана јавна седница на ден 02.09.2020 година, донесе пресуда со која жалбите на обвинетиот Зоран Милески од Скопје, делумно ги уважи на начин што ја потврди првостепената пресуда, по однос на вината и изречената кривична санкција, додека во делот на одлуката за одземање на предмети ја укина и во овој дел предметот го врати на првостепениот суд на повторно постапување и одлучување, соопштија од Апелацискиот суд.

Како што велат од Судот, вака донесената одлука ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести