Во Овалната соба во Белата куќа во Вашингтон делегациите на Белград и Приштина ја потпишале спогодбата за нормализација на економските односи.
Во Овалната соба, која е канцеларија на претседателот на САД Доналд Трамп, поставени се две дополнителни маси, зад кои секој седина своја страна, претседателот на Србија Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти, а во средината шефот на американската држава.

После потпишувањето на документот Вучиќ и Хоти „својот“ примерок му го проследувале на Трамп, кој исто така го ставил својот потпис. На церемонијата на потпишувањето присуствувале и двете делегации.