Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

КОЈА Е ИВАНКА ТРАМП: Има пристап до доверливи информации, ја викаат „очи и уши“ на претседателот

Иванка Трамп, ќерката на американскиот претседател, Доналд Трамп уште од почетокот на мандатот на нејзиниот татко доби важна улога и присуствуваше на сите средби кои се од важен интерес.

Таа овојпат одеднаш се приклучи на втората рунда разговори меѓу Белград и Приштина во средата.

Иванка која е дете од првиот брак на Доналд Трамп е личност со најголема доверба кај американскиот претседател и има големо влијание во креирањето на неговите ставови, особено во надворешната политика. Американските медиуми пишуваат дека таа има пристап до доверливи информации и ја нарекуваат „очите и ушите на Трамп“.

Речиси да немаше официјална посета на Трамп на странска земја, а во делегацијата да не беше Иванка. Таа беше со американскиот претседател за време на неговата посета на Саудиска Арабија, што беше прво патување во странство на Трамп како претседател на САД. Застана рамо до рамо со нејзиниот татко и на неговата официјална средба со поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе и германската канцеларка Ангела Меркел.

Иванка е мажена за Џаред Кушнер, исто така советник на Трамп, кој во суштина е десна рака на првиот човек на Белата куќа и креатор на многу негови потези во надворешната политика. Иванка е особено вклучена во поддршката на развојот на женското претприемништво низ целиот свет.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ зборуваше и за влијанието што Иванка го има во Белата куќа,  и откри дека на состанокот во Вашингтон таа покренала две важни економски теми и ја  најави претстојната посета на Србија.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...