4.8 C
Skopje
понеделник, март 25, 2024

НОВИ 30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА НЕФИ УСЕИНИ поради страв да не избегаат од Македонија

Нефи Усеини и неговиот брат добија нови 30 дена притвор. Претходно поради опасноста дека ќе избегаат, обвинителството побара тие да останат во притвор.

Полицијата поднесе кривична пријава против Усеини и за насилство и недозволено држење оружје, но во обвинението се гонат само за првото кривично дело за физичкиот напад на охриѓанецот Спирко Топаловски.

Според обвинението, браќата го повикале оштетениот на средба во познат охридски хотел, но расправијата почнала уште во автомобилот со кој дошол Топаловски. Продолжиле на паркингот каде вербалната пресметка преминала во физичка.

-На еден од обвинетите од пантолоните му испаднал тврд предмет во облик на пиштол, кој потоа го зел вториот обвинет. Оштетениот со тупаници бил удиран во пределот на главата и телото пред влезот на хотелот и внатре, каде обвинетите во пределот на главата го удирале и со тврдиот предмет во облик на пиштол. По извршеното насилство со кое на оштетениот му биле нанесени телесни повреди, обвинетите го напуштиле местото на настанот, соопштија од ОЈО Охрид.

На овој начин извршиле грубо насилство врз жртвата а кај присутните гости и вработени во хотелот предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв, велат од обвинителството.

Топаловски најрпвин  тврдеше дека Усеини го удрил со пиштол потоа со писмена изјава го смени ставот и тврдеше дека пиштол не видел, туку добил удар од позади, а сето тоа го оправда со паниката.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести